24фудбал

Палота: Стротман не е на продажба

Претседателот на Рома, Џејмс Палота уште еднаш му порача на Манчестер Јунајтед да заборави на Кевин Стротман

Италија

Често се говори дека 24 годишниот фудбалер од средниот ред ќе биде примарна цел на ’Црвените Ѓаволи’ во зимскиот преоден рок.

И покрај тоа што од таборот на Рома во неколку наврати нагласија дека Кевин Стротман е дел од нивните долгорочни планови, медиумите од ’Островото’ не престануваат да пишуваат за преселбата на Холанѓанецот на Олд Трафорд.

Ваквите константни шпекулации го принудија претседателот на ’Римската Волчица’ уште еднаш да испрати демант.

„Поради постојаните шпекулации објавени во медиумите од Британија околу Кевин Стротман и Манчестер Јунајтед, сакам уште еднаш да потврдам дека играчот не е на продажба” – напиша Џејмс Палота на Твитер.

„Никогаш не сме ја разгледале можноста Стротман да биде ставен на трансфер пазарот”.

„Медиумите од ’Островото’ џабе трошат хартија, Кевин е клучен дел од нашиот долгорочен проект”.