24фудбал

Мурињо: Не можев да поверувам дека Барса го продава Фабрегас

Жозе Мурињо вели дека бил изненаден од потегот на Барселона да се откаже од услугите на Сеск Фабрегас.

Англија
Португалецот не е изненаден од одлуката на Арсенал да не го ангажира Фабрегас иако Топџиите имаа опција да го направат тоа, Мурињо е зачуден од одлуката на Барселона да го продаде Сеск.
 
„Мислев дека тој ќе остане во Барселона. Го гледав како природен заменик на фудбалерите кои стануваат постари, пример Чави" - вели Мурињо.
 
„Не бев изненаден што тој не се врати во Арсенал, бев изненаден што Барселона одлучи да го продаде".
 
„Фабрегас има 27 години, што е перфектна возраст. Физички е на високо ниво, психолошки е многу стабилен, тактички е одличен. Сеск има фантастична статистика, бројот на асистенции и квалитетот кој го носи во тимот".