24фудбал

Алегри: Ова не беше одмазда

Масимо Алегри вели дека победата над Милан не ја гледа како одмазда за отказот кој го доби од Росоњерите.

Италија
Алегри за прв пат му се спротивстави на Милан откако доби отказ од кормилото на Росоњерите, и успешно го направи тоа, со победа од 1-0.
 
По три ипол години во Милан и многу убави моменти со тој тим, јасно е дека ова не беше нормален натпревар за мене" - вели Алегри.
 
Но овој дуел не го гледав како шанса за одмазда. Милан беше многу важен дел од мојата кариера. Но сега сум во Јувентус и фокусиран сум да победувам со овој тим".
 
Мислам дека одигравме добар натпревар, го контролиравме мечот и на крајот заслужено победивме".