24фудбал

Инзаги: Јувентус е посилен во моментов

Пипо Инзаги вели дека се надевал на победа против Јувентус, но признава дека во моментов актуелниот шампион е посилен тим.

Италија
По двете воведни победи во Серија А, Милан синоќа беше поразен со 1-0 на Сан Сиро во дербито против Јувентус.
 
„Бев лут бидејќи навистина се надевавме дека ќе бидеме рамноправни со исклучително добар тим" - вели Инзаги.
 
„Им реков на моите фудбалери дека сум задоволен, по две одиграни кола не можеме да бидеме на исто ниво со најсилните тимови во Европа".
 
„Но доколку Хонда погодеше со глава, натпреварот ќе беше друг. Во игра внесовме и два напаѓачи сакајќи да се вратиме, но не успеавме".
 
„Oд коло во коло можеме да напредуваме и да дојдеме поблиску до Јуве и Рома кои се подобри од останатите тимови".