24фудбал

Македонски таленти на проба во Борусија Дортмунд

Никола Димитровски и Кристијан Тасевски од Битола го привлекуваат вниманието на Борусија Дортмунд, македонските јуниори ќе имаат и втора проба во германскиот гигант.

Македонија
На 11-годишните Никола Димитровски (ФК Талент Битола) и Кристијан Тасевски (ФК ЛГ Битола) преку Горан Зинзировски соработник на "Talent Förderung Alex Kostovski" на почетокот на април 2014 им беше овозможен тренинг во Борусија Дортмунд У11 и Борусија Менхенгладбах У11.
 
Македонските јуниори се покажале во одлично издание, а посебно импресионирани биле луѓето од Борусија Дортмунд кои побарале повторно да ги видат нашите таленти.
 
Волкер Препер, шефот на скаутинг тимот на Борусија Дортмунд до 15 години, повторно испратил повик до Никола и Кристијан кои од 25. септември до 14. октомври одново ќе ги покажат своите фудбалски вештини во Борусија Дортмунд и талент школата на Волкер Препер.