24фудбал

Вембли ќе биде домаќин на финалето на ЕВРО 2020

УЕФА ги соопшти градовите домаќини на Европското Првенство во 2020, финалето ќе се игра во Лондон на Вембли

Останато

На предлог на претседателот Мишел Платини, Извршниот Комитет на ФИФА во 2012 даде зелено светло за Европското Првенство во 2020 да се игра ширум ’Стариот континент’.

Попладнево европската куќа на фудбалот ги соопшти имињата на 13. градови кои ќе бидат домаќини на ЕВРО 2020.

Лондон (Англија) ќе биде домаќин на двете полу-финалиња и финалето кое ќе се игра на Вембли.

Минхен (Германија), Баку (Азербејџан), Рим (Италија) и Санкт Петербург (Русија) ќе бидат домаќини на четврт-финалните пресметки и три натпревари од групната фаза.

Копенхаген (Данска), Букурешт (Романија), Амстердам (Холандија), Билбао (Шпанија) Будимпешта (Унгарија), Брисел (Белгија), Даблин (Ирска) и Глазгов (Шкотска) ќе бидат домаќини на осмина-финалните дуели и три натпревар од групната фаза.

Фудбалската Федерација на Македонија достави кандидатура која беше одбиена, УЕФА утврди дека Арената Филип Втори не ги исполнува условите.