24фудбал

Инзаги: Против Јуве ни е потребен перфектен натпревар

Пипо Инзаги вели дека неговите избраници ќе го дадат максимумот против Јувентус, и ги повика фановите да бидат 12. играч на Милан

Италија

’Росоњерите’ утре на Сан Сиро го пречекуваат актуелниот шампион Јувентус во дербито на третото коло во Серија А.

Милан има 100% учиник од воведните два натпревари и е на делба на првото место со ’Старата Дама’ и Рома.

Во пресрет на средбата, Пипо Инзаги вели дека Милан нема што да загуби, и посочи дека им е потребен перфектен натпревар доколку сакаат добар резултат.

„Утре не чека голем натпревар и среќен сум за мојот тим” – рече тренерот на ’Росоњерите’ на денешната прес конфренција.

„Имаме шест бода и немаме што да загубиме на овој натпревар. Играме на Сан Сиро и тоа е предност. Очекувам стадионот да биде исполнет и нашите фанови да ни бидат од голема помош”.

„Доколку сакаме добар резултат мораме да одиграме пефектно. Ќе го дадеме максимумот, иако не знам дали тоа ќе биде доволно”.

Во пресрет на натпреварот, Адриано Галијани откри дека поранешниот предводник на Јувентус, Антонио Конте бил една од опциите за тренерското столче на Милан

„Мислам дека е нормално тоа што Милан размислувал за ангажман на Антонио Конте. Тој е најдобриот тренер во Италија во последните неколку години” - вели Инзаги.

„Мило ми е што Галијани ме спореди со него”.

Запрашан за напредокот на тимот, Инзаги одговори: „Задоволни сме од освоените шест бода од првите две кола”.

„Резултатите ни даваат самодоверба, но не сме перфектни и мораме да се подобриме. Мораме да бидеме свесни за нашите проблеми”.

„Задоволен сум од работата и желбата на играчите”.