24фудбал

Бејл: Еден ден би можел да се вратам во Тотенхем

Ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл вели дека е отворен за идејата одново да го облече дресот на Тотенхем во иднина

Англија

Репрезентативецот на Велс стана најскапиот фудбалер во светот кога во 2013 го напушти Вајт Харт Лејн и се пресели во Реал Мадрид во трансфер вреден околу 86 милиони фунти.

Во разговор со BT Sport, Герет Бејл вели дека ’Спарси’ остануваат во неговото срце, и тој еден ден би можел одново да го облече дресот на Тотенхем.

„Никогаш нема да ги заборавам големите европски натпревари на Вајт Харт Лејн” – вели Бејл. „Тие беа неверојатни”.

„Тотенхем секогаш ќе има место во моето срце. Се надевам дека фановите сеуште ме сакаат и покрај тоа што заминав”.

„Јас ги обожавам фановите на ’Спарси’. Никогаш не знаете, би можел да се вратам еден ден”.

„Се надевам дека тие разбираат дека Реал Мадрид е огромен, огромен клуб и ја почитуваат мојата одлука”.

„Во моментот кога Реал достави понуда, ми беше многу тешко. Во Тотенхем се чувствував комфорно и среќно”.