24фудбал

Дебуши ќе паузира најмалку шест недели

Арсен Венгер соопшти дека Матју Дебуши ќе биде надвор од стројот најмалку шест недели, но десниот бек го чека подолга пауза доколку мора да замине ’под нож’

Англија

Репрезентативецот на ’Триколорите’, кој беше изнесен на носилки на дуелот со Манчестер Сити минатиот викенд, денеска ќе направи нови тестови кои ќе покажат за точно каква повреда се работи.

„Повеќе ќе знаеме за повредата на Дебуши вечерва” – рече Арсен Венгер утрово на прес конференција.

„Доколку не му е потребна операција, ќе паузира шест недели. Доколку мора да оди ’под нож’, ќе паузира околу три месеци”.

Менаџерот на ’Топџиите’ имаше добри вести околу повредата на Џек Вилшер, се е во ред со фудбалерот од средниот ред и тој ќе игра против Астон Вила.

„Вилшер само доби удар во левиот скочен зглоб. Се е во ред со него. Во составот ќе се вратат и Чемберс и Фламини”.