24фудбал

Мурињо: Не сме пријатели со Роналдо

Жозе Мурињо призна дека нема контакт со Кристијано Роналдо иако со својот сонародник три сезони поминаа заедно во Реал Мадрид, но стратегот има пофалби за играчот на Кралевите.

Шпанија
 Не е тајна дека Португалците, Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо не се пријатели, тренерот на Челзи уште еднаш го потенцира тоа.
 
„Не постои однос помеѓу мене и Роналдо. Тој игра за Реал Мадрид, јас сум тренер на Челзи" - вели Мурињо.
 
„Нема да не видите како се гушкаме. Односот не постои. Но ќе се сеќавам на него како на гол машина која ми помогна да ја освојам Ла Лига, Купот на Кралот и Суперкупот".
 
„Ќе се обидам да ги зачувам најдобрите спомени од Кристијано Роналдо и му посакувам се најдобро во кариерата, особено со Португалија, но и со неговиот клуб".