24фудбал

Варан во Реал до 2020

Реал Мадрид соопшти дека дефанзивецот Рафаел Варан ставил потпис на нов договор со трајност до 30. јуни 2020

Шпанија

Французинот изминатиов летен трансфер период беше цел на Челзи, но ’Кралевите’ одбија да го продадат играчот.

И покрај тоа што во моментов не е стартер и има мала минутажа, Реал Мадрид верува во квалитетот и потенцијалот на 21 годишниот Рафаел Варан, па дефанзивецот доби нов договор.

„Реал Мадрид го продолжи договорот на Рафаел Варан до 30. јуни 2020” – гласеше известувањето на шампионот на Европа.

Репрезентативецот на ’Триколорите’ на Сантијаго Бернабеу се пресели во 2011 од Ленс во трансфер вреден околу 10 милиони евра.