24фудбал

Венгер: Најмногу жалам што не го ангажирав Роналдо

Менаџерот на Арсен Венгер вели дека Кристијано Роналдо бил на чекор до потпис со ’Топџиите’, па многу жали што не успеал да го ангажира Португалецот

Англија

Во настан организиран од спонзорот Huawei, Арсен Венгер одговараше на прашања од познати личности, блогери и фанови на Арсенал.

Французинот откри дека најмногу жали што не го ангажирал Кристијано Роналдо, особено што Португалецот бил многу блиску до потпис со ’Топџиите’ а на крајот сепак завршил во нивниот голем ривал Манчестер Јунајтед.

„Најмногу жалам за трансферот на Кристијано Роналдо” – вели Венгер.

„Бев многу блиску до негов ангажман, и не само што не дојдовме до неговиот потпис, тој заврши во Манчестер Јунајтед”.

„Па ова боли и сега”.