24фудбал

Македонија со огромен пад од 36 места на ФИФА ранг листата

’Црвено-жолтите’ се најдоа на 112. позиција на последната ФИФА ранг листа откако забележаа пад од дури 36 места

Македонија

По поразот од Шпанија во квалификациите за ЕП 2016, следува голем пад на репрезентацијата на Македонија на ФИФА ранг листата за септември.

’Црвено-жолтите’ назадуваа дури 36 места и со 286 бодови се најдоа на 112. место, нашиот најслаб ранкиг во последните 20 години.

Од селекциите кои се во нашата група, Шпанија е на 8. позиција, Украина на 24. позиција, Словачка на 40. поизција, Белорусија на 89. позиција а најслаб ранкиг има нашиот следен противник Луксембург, кој се најде на 127. позиција.

Германија и понатаму е на врвот пред Аргентина. Колумбија ја превзеде третата позиција од Холандија, а потоа следуваат Белгија, Бразил, Уругвај, Шпанија, Франција и Швајцарија.