24фудбал

Мурињо: На Диего Коста му беше потребен одмор

Жозе Мурињо вели дека во моментов Диего Коста не е во кондиција да одигра три натпревари неделно па затоа натпреварот против Шалке го започна од клупата.

Лига на Шампиони
Диего Коста има фантастичен старт на кариерата во Челзи, но синоќа на натпреварот од Лигата на Шампионите против Шалке се најде на клупата за резервни играчи, Дидие Дрогба беше стартер.
 
Коста влече повреда поради која и не настапи за Шпанија против Македонија, Челзи во недела игра дерби против Манчестер Сити, но Мурињо вели дека не го одмарал напаѓачот поради тој натпревар, туку едноставно во моментов тој не може да одигра три натпревари во една недела.
 
„Тој не е во кондиција да одигра три натпревари во една недела" - вели Мурињо.
 
„Во моментов има проблеми и кога ќе одигра еден натпревар потребна му е една недела за да се опорави и да биде во кондиција за следниот дуел".
 
„Доколку го започнеше натпреварот можеби ќе требаше да го извадам по 20, 25 минути, не размислувам за дуелот во недела, размислувам за овој, едноставно Коста не беше во кондиција да игра".
 
Мурињо вели дека Челзи создал доволно шанси да го победи Шалке, па нема замерки за своите фудбалери.
 
„Имавме голема шанса за 2-0, потоа тие израмнија, по примениот погодок создадовме уште неколку одлични шанси за гол, но не успеавме да победиме, немам замерки за моите фудбалери".