24фудбал

Гвардиола: Ја заслуживме победата

Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола е задоволен од стартот со победа во Лигата на Шампионите, вели дека неговиот тим заслужил да се радува на трите бода.

Лига на Шампиони
Со гол на Боатенг во 90. минута Баерн Минхен со 1-0 го победи Манчестер Сити на Алијанц Арената.
 
„Тие играа подобро во првите 20 минути а потоа ние бевме подобри во остатокот од натпреварот" - вели Пеп.
 
„Ја заслуживме оваа победа, во второто полувреме одигравме на многу високо ниво".
 
„Не можеме да заборавиме против каков тим игравме, задоволен сум од нашето издание, ова е само прв натпревар во згуснатиот период кој ни претстои".