24фудбал

Боатенг му донесе победа на Баерн, Челзи не успеа да го победи Шалке

Со гол на Боатенг во самиот финиш од натпреварот, Баерн Минхен го доби дерби дуелот против Манчестер Сити, Челзи одигра само 1-1 против Шалке на Стемфорд Бриџ.

Лига на Шампиони
Баерн Минхен и Манчестер Сити одиграа тврд натпревар кој на крајот беше решен од еден потег во самиот финиш.
 
Кога се очекуваше дека на Алијанц Арената натпреварот ќе заврши без голови, во 90. минута Боатенг шутираше одлично, топката го погоди и Геце и заврши зад грбот на Харт.
 
Челзи пропушти победа над Шалке, тимот на Жозе Мурињо одигра само 1-1 на домашен терен.
 
Сините одлично го започнаа натпреварот, со гол на Фабрегас во 11. минута поведоа со 1-0, по 15 минути игра во второто полувреме, Хунтелар го изедначи резултатот.
 
Барса влезе како голем фаворит во дуелот со АПОЕЛ, но славеше само со 1-0, стрелец на погодокот беше Пике.
 
Рома ја прегази ЦСКА победувајќи ја со убедливи 5-1 на Олимпико стадионот, Жервињо погоди два пати, по еднаш стрелаа Итурбе и Маикон, а последниот гол за Рмската Волчица беше автогол на Игначевич.
 
Агим Ибраими и Марибор се спасуваа од пораз во последните моменти од натпреварот со Спортинг.
 
Португалскиот тим поведе во 80. минута со погодок на Нани, во втората минута од судиското продолжение, Заховиќ го изедначи резултатот.
 
Најубедливата победа ја оствари Порто кој со фантастични 6-0 го совлада БАТЕ Борисов, Ајакс и ПСЖ одиграа 1-1, а немаше погодоци само на дуелот помеѓу Атлетик Билбао и Шахтјор.