24фудбал

Руни: Фергусон е менаџерот број 1

Вејн Руни упати пофални зборови на адреса на Сер Алекс Фергусон, вели дека Шкотот е најдобриот менаџер во светот на фудбалот

Англија

Напаѓачот имаше одредени проблеми со Сер Алекс Фергусон во последната година на стратегот на кормилото на Манчестер Јунајтед, а односот особено се залади откако Шкотот во пресрет на последниот натпревар од сезоната 2012/13 јавно обелодени дека Вејн Руни побарал трансфер.

Очигледно двајцата ги надминале недоразбирањата, па Вејн Руни сега упати многу пофални зборови на адреса на Сер Алекс Фергусон.

Репрезентативецот на Англија му се заблагодари на Ферги што му укажал доверба и го донел во Манчестер Јунајтед, и додава дека Шкотот е најдобриот менаџер во светот на фудбалот.

„Тој беше од голема важност” – вели Руни, кој прославува 10 години во дресот на ’Црвените Ѓаволи’. „Благодарен сум што имаше доверба во мене и ме донесе тука од Евертон”.

„Мислам дека тој е извонредна личност и менаџер. Ми помогна многу”.

„Кога јас пристигнав во Манчестер Јунајтед бев младо момче, и имаше уште неколку млади играчи. Тој успае да не направи светски (клупски) шампиони. Многу сум му благодарен за се што има сторено за мене”.

За трансферот од Евертон на Олд Трафорд во 2004, Руни вели: „Чуството беше одлично. Сер Алекс Фергусон е најдобриот менаџер во светот, и ми беше голема чест што тој успеа да го препознае мојот талент”.

„Јас бев тој што одлучуваше дали да заминам од Евертон, и на мојот агент му навестив што сакам. Потоа на моите родители им кажав дека се селам во Манчестер Јунајтед”.

„Не жалев за ваквата одлука”.