24фудбал

Џерард: Ливерпул има уште многу да учи

Стивен Џерард вели дека ’Црвените’ не одиграле на потребното ниво на дуелот со Лудогорец, но верува дека ќе прикажат подобри перформанси на следните натпревари

Англија

По пет години пауза, Ливерпул вчера одново играше натпревар во Лигата на Шампионите, на Енфилд гостуваше Лудогорец.

Иако ’Црвените’ беа голем фаворит, се намачија против шампионот на Бугарија, и стигна до победата во судиското надополнување преку ударот од белата точка на Стивен Џерард.

Капитенот на Ливерпул по крајот на средбата призна дека тие не одиграле на потребното ниво, но верува дека ќе прикажат подобри перфмронаси на следните натпревари.

„Ми олесна што на крајот успеавме да освоиме три бода” – вели Џерард. „Многу е важно да го започнеме настапот во Лигата на Шампионите со победа”.

„Мислам дека не покажавме добри перформанси, но успеавме да освоиме три бода, и тоа е клучно”.

„Имаме многу нови играчи кои се обидуваат да се адаптираат, а тука се и големите очекувања по добрите игри од минатата сезона. Ќе ни биде потребно време да се вратиме на тоа ниво, се надевам дека наскоро ќе се случи тоа”.

„Имаме уште многу да учиме. Понекогаш треба да лазите преда да почнете да одите”.