24фудбал

Венгер: Не бевме на потребното ниво

Арсен Венгер е незадоволен од изданието на своите фудбалери, го признава поразот, вели дека Дортмунд заслужиле да го добијат натпреварот.

Лига на Шампиони
Арсенал одигра лош натпревар во Дортмунд, тимот на Венгер прикажа неочекувано слаби перформанси и со наведната глава го напушти теренот.
 
„Мислам дека не бевме на потребното ниво. Тие заслужија да победат" - изјави Венгер.
 
„Но сеуште мислам дека немавме среќа бидејќи аутот на десет секунди пред крајот требаше да биде за нас, по таа акција примивме гол".
 
„И покрај нашите просечни перформанси, имавме повеќе шанси. Тоа беше малку парадоксално".