24фудбал

Клоп: Уживав во натпреварот

Тренерот на Борусија Дортмунд не го крие задоволството од играта на неговиот тим на натпреварот против Арсенал кој Милионерите го добија со 2-0.

Лига на Шампиони
Борусија Дортмунд одигра одличен натпревар против Топџиите, доминираше во текот на сите 90 минути и сосема заслужено славеше победа.
 
„Тоа беа навистина одлични перформанси од мојот тим. Нашиот пресинг беше перфекција, бевме навистина моќни" - изјави Клоп по натпреварот.
 
„Бевме храбри, бевме брзи и дадовме се што беше потребно за овој натпревар".
 
„Уживав во натпреварот од првата до последната минута, кога вашиот тим игра вака, ова е најдобрата работа во светот".