24фудбал

Дортмунд подобар од Арсенал, драма во Ливерпул со среќен крај за Црвените

Борусија Дортмунд го надигра Арсенал и го доби дербито на колото во Лигата на Шампионите, Ливерпул во натпревар со драматичен финиш го совлада Лудогорец, Пандев играше за Галатасарај но без ефект.

Лига на Шампиони
Борусија Дортмунд го победи Арсенал со 2-0, тимот на Јирген Клоп одигра одличен натпревар и сосема заслужено дојде до трите бода.
 
Имобиле со фантастичен трк пред крајот на првото полувреме го отвори резултатот, а на стартот од второто полувреме Аубемејанг ги постави конечните 2-0.
 
Интересно беше во Ливерпул каде што Црвените го совладаа Лудогорец со 2-1 во натпревар со драматичен финиш.
 
Отпорот на Лудогорец беше скршен во 82. минута кога Балотели погоди за водство од 1-0.
 
Во 91. минута Абало го изедначи резултатот и се чинеше дека Ливерпул ја пропушти победата, но две минути подоцна Џерард реализира од пенал за големи три бода на стартот од Лигата на Шампионите.
 
Горан Пандев беше стартер за Галатасарај против Андерлехт, но без ефект, нашиот фудбалер одигра 57. минути, во моментите кога излегуваше Андерлехт имаше водство од 1-0, пред самиот крај Јилмаз го спаси турскиот тим од пораз.
 
Реал Мадрид со петарда ја започна одбраната на титулата во Лигата на Шампионите, Кралевите со високи 5-1 го совладаа Базел.
 
Офанзивниот дел од тимот на Реал постигна по еден гол, Бејл, Роналдо, Родригез и Бензема ја тресеа швајцарската мрежа.
 
Карлос Тевез конечно по долго време постигна гол во Лигата на Шампионите и тоа два пати ја тресеше мрежата на Малме за победа на Јувентус од 2-0.
 
Атлетико Мадрид со 3-2 загуби на гостувањето кај Олимпијакос, Зенит со 2-0 ја совлада Бенфика, Монако со 1-0 триумфираше над Леверкузен.