24фудбал

Тоти: Ќе се обидеме да бидеме како Атлетико

Капитнот на Рома, Франческо Тоти се надева дека ’Џалоросите’ ќе имаат успешен настап во Лигата на Шампионите, и ќе можат да го копираат успехот на Атлетико Мадрид

Лига на Шампиони

Клубот од Висенте Калдерон минатата сезона беше аутсајдер, но се избори за дуел против Реал Мадрид во финалето, и само неколку минути го делеа од триумф во најелитното европско натпреварување.

По неколку години пауза, Рома одново е во Лигата на Шампионите, а Франческо Тоти се надева на успешен настап.

Зборувајќи на денешната прес конференција, капитенот на ’Римската Волчица’ истакна дека тие ќе се обидат да го копираат успехот што го забележа Атлетико.

„Кога ќе излеземе на теренот ќе видиме дали сме подготвени да го повториме успехот на Атлетико” – вели Тоти.

„Ќе се обидеме да оставиме добра импресија, ќе дадеме се од себе и против најсилните тимови”.

„Ќе биде одлично доколку можеме да го повториме успехот на Атлетико од минатата сезона”.

Тој потоа додаде: „Кога играте во Лигата на Шампионите, сите тимови се силни. Три или четири тима се посилни од другите, но останатите горе-долу се на исто ниво”.

„Се наоѓаме во тешка група, но немаме ништо против тоа. Ќе одиграме отворено против сите, се надеваме дека ќе им создадеме многу проблеми”,

„Мило ми е што се вративме во Лигата на Шампионите. Рома секоја година треба да игра вакви натпревари”.