24фудбал

Мурињо потврди: Азар ќе добие нов договор

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо потврди дека Еден Азар наскоро ќе стави потпис на нов договор

Англија

Медиумите од ’Островото’ оваа недела објавија дека ’Сините’ се во напредни преговори со Еден Азар за продолжување на соработката.

Извештаите велеа дека репрезентативецот на Белгија ќе стави потпис на нов петгодишен договор вреден околу 50 милиони фунти.

Зборувајќи попладнево на прес конференција, Жозе Мурињо ги потврди ваквите стории.

„Точно е дека Челзи се обидува да го обнови договорот на Еден Азар” – рече ’Специјалниот’. „Во прашање е време. Тој ќе стави потпис на нов договор”.

„Азар сака да ја потврди верноста, а и ние сакаме да ја осигураме неговата долгорочна иднина”.

23 годишниот офанзивен фудбалер минатата сезона ја заврши со 17 погодоци во сите натпреварување и беше прогласен од своите соиграчи за Играч на Годината на Челзи.

ПСЖ пројави интерес за негов ангажман, но ’Сините’ не сакаа да слушнат за продажба на својата ѕвезда.