24фудбал

Жервињо го продолжи договорот со Рома

’Римската Волчица’ соопшти дека Жервињо ставил потпис на нов договор и се обврзал кон клубот до 30. јуни 2018

Италија

Репрезентативецот на БСК минатото лето пристигна на Стадио Олимпико и имаше импресивна прва сезона во дресот на Рома, зад своето име тој запиша 12 погодоци и 9 асистенции во сите натпреварувања.

За добрите игри, 27 годишниот Жервињо сега е награден со нов побогат договор.

„Рома може да соопшти дека го продолжи договорот на Жервињо за уште една година. Новиот договор е со трајност до 30. јуни 2018” – гласеше известувањето на вицешампионот на Италија.