24фудбал

Сломка првата тренерска жртва во Бундеслигата

Хамбургер реши да се раздели со тренерот Мирко Сломка по само три кола во новата сезона

Германија

47 годишниот стратег го превзеде кормилото на Хамбургер во февруари и успеа на клубот од Имтех Арена да му обезбеди опстанок во Бундеслигата.

По разочаруачката сезона, Хамбургер во летниот преоден рок донесе неколку засилувања и целта беше пласман во горниот дел на табелата.

Сепак, ХСВ лошо ја започна и оваа сезона, од првите три кола освои само еден бод и притоа не постигна ниту еден погодок.

Па лидерите на клубот веднаш одлучија дека е време за промени и го разрешија Мирко Сломка од неговите должности.

Медиумите од Германија пренесуваат дека вчера во доцните вечерни часови, првиот човек на Хамбургер, Дитмар Бајесдорфер лично со сретнал со Мирко Сломка и му соопштил дека тие повеќе не сметаат на неговите услуги.

Се говори дека поранешниот предводник на Мајнц, Томас Тухел е желбата на Хамбургер за наследник на Мирко Сломка.