24фудбал

Верати во ПСЖ до 2019

Шампионот на Франција соопшти дека Марко Верати ставил потис на нов договор со трајност до 30. јуни 2019

Франција

21 годишниот репрезентативец на ’Аѕурите’ ова лето беше трансфер цел на Реал Мадрид, но ПСЖ не сакаше да слушне за продажба на фудбалеот од средниот ред.

Сега откако заврши летниот проден рок, ’Светците’ ја продолжија соработката со Марко Верати.

„ПСЖ е задоволен што може да соопшти дека Марко Верати стави потпис на нов договор со трајност до 30. јуни 2019” – гласеше известувањето на клубот од Париз.

За новиот договор, Италијанецот рече: „Кога размислувам за мојата кариера, се гледам себеси само во ПСЖ”.

„Сакам да продолжам да освојувам трофеи со овој клуб, и да продолжам да напредувам како фудбалер играјќи покрај играчи од светска класа”.