24фудбал

Симеоне: Градиме нов тим

Диего Симеоне вели дека гостувањето кај Олимпијакос можеби ќе биде најтешкиот натпревар за Атлетико Мадрид во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Атлетико Мадрид лани имаше одлична сезона, од тимот заминаа повеќе фудбалери, но четата на Диего Симеоне повторно покажува сила.
 
Вечерва со гостувањето кај Олимпијакос, Атлетико Мадрид ја започнува новата сезона од Лигата на Шампионите.
 
„Секогаш ја гледам реалната слика. Во моментов градиме нов тим, некои фудбалери си заминаа, други дојдоа. Се обидуваме новите играчи да ги вкомпонираме во нашата филозофија која не е променета" - вели Симеоне.
 
„Имавме краток период да се подготвиме за овој меч по дербито против Реал. Ова ќе биде можеби нашиот најтежок натпревар во групата. Олимпијакос има многу добар скор на домашен терен пред жешките навивачи".
 
„Лани имавме одлична сезона но тоа е минато. Сега започнуваме од почеток, и од ден во ден го градиме новиот тим".