24фудбал

Роџерс: Возбудени сме, после долго време во ЛШ

Брендан Роџерс вели дека во Ливерпул се чувствува возбудата што по долго време тимот повторно игра во Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Ливерпул повторно е меѓу елитата, Црвените вечерва на Енфилд го пречекуваат Лудогорец во првиот натпревар од Лигата на Шампионите.
 
„Возбудени сме, пет години отсуство од Лигата на Шампионите е многу, последниот натпревар кој Ливерпул го одигра беше во декември 2009 година" - вели Роџерс.
 
„Во изминатите години работевме многу напорно за да дојдеме до тука, минатата сезона бевме одлични и успеавме да ја оствариме целта".
 
„Првиот натпревар го играме дома и нашата цел е да одиграме добро и да ги освоиме трите бода, нашата вкупна цел е да ја поминеме групата и да се квалификуваме во елиминационата рунда".
 
„Против Лудогорец треба да започнеме агресивно од самиот старт, да притиснеме, тоа уште повеќе ќе го еруптира Енфилд и атмосферата би била одлична".