24фудбал

Венгер: Фан сум на офанзивниот фудбал на Борусија Дортмунд

Во пресрет на дуелот со Борусија Дортмунд, Арсен Венгер има пофалби за германскиот тим и за Јирген Клоп.

Лига на Шампиони
Арсенал со гостување во Дортмунд против Борусија ја започнува новата сезона од Лигата на Шампионите.
 
„Имам голема почит кон г-дин Клоп. Тој многу брзо се издигна во својата кариера и е вистински инспиратор за Дортмунд" - вели Венгер.
 
„Што прави тој подобро од мене? Можеби многу работи. Но сакам да ја гледам динамичната игра на неговиот тим, атрактивниот фудбал кој го играат. Ми се допаѓа тоа".
 
„Ние имаме проблеми во дефанзивата откако Метју Дебуши се повреди, но како замени ги имаме Чемберс кој може да игра на повеќе позиции, а го имаме и Хектор Белерин кој е подготвен за игра".