24фудбал

Анчелоти: Да покажеме дека сме силен тим

Карло Анчелоти ги повикува своите фудбалери на натпреварот со Базел да покажат одговорност и да заличат на вистинскиот Реал Мадрид, оној кој ја освои Лигата на Шампионите.

Лига на Шампиони
Денеска започнува групната фаза од Лигата на Шампионите, Реал Мадрид против Базел на Сантијаго Бернабеу ја стартува одбраната на титулата.
 
Кралскиот клуб во последно време се соочува со сериозни проблеми, тимот е далеку од потребната форма, а во медиумите често се зборува за нарушена атмосфера во соблекувалната и незадоволство кај дел од играчите.
 
Анчелоти смета дека Базел е вистинскиот натпревар на кој треба да се покаже карактер и да се надминат проблемите.
 
„Се чувствувам како тренер кој треба да ги поправи работите. Натпреварот доаѓа во вистинско време да покажеме одговорност и да демонстрираме колку добар тим сме".
 
„Важно е да го почнеме натпреварувањето добро. Мислам дека ќе бидеме конкурентен тим и повторно ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на Шампионите".
 
Kасиљас ја загуби довербата кај навивачите кои почнаа се почесто да го исвиркуваат, но Анчелоти не го менува своето мислење околу изборот на голманската позиција.
 
„Нема дебата околу голманите во овој тим. Нема да зборувам за тоа оваа сезона. Касиљас има големо искуство и добро ги познава овие ситуации".