24фудбал

Мацари: Бенитез нема врска од фудбал

Валтер Мацари одговори на критиките на Рафа Бенитез влејќи дека Шпанецот нема врска од фудбал.

Италија
Валтер Мацари солидно ја започна сезоната со Интер каде што Рафа Бенитез имаше тотален неуспех откако го наследи тимот на Мурињо по историската тројна круна на Нероазурите.
 
За разлика од Мацари, Рафа Бенитез лошо ја почна сезоната со Наполи, тимот кој пред него го водеше Валтер.
 
И покрај тоа што не влезе во Лигата на Шампионите и загуби од Киево на домашен терен во минатото коло, Бенитез изјави дека сегашниот тим на Наполи игра подобро и има посед на топката, за разлика од претходно кога Наполитанците играле на контра напади.
 
На ваквата изјава повикан се најде Мацари кој остро му врати на Бенитез: "Контри? Нема повеќе да им одговарам на луѓе кои немаат врска од фудбал. Моите екипи зборуваат на теренот, погледнете ја статистиката, поседот на топката...".