24фудбал

Алегри: Нема лесни натпревари во Европа

Во пресрет на новата сезона од Лигата на Шампионите, тренерот на Јувентус, Масимо Алегри предупредува за тежината на натпреварите во Европа.

Лига на Шампиони
Јувентус минатата сезона од Лигата на Шампионите не ја памети по добро, беше елиминиран уште во групната фаза иако нивната група навидум не изгледаше тешко.
 
Старата Дама и сега се наоѓа во друштво во кое е голем фаворит, а настапите ги започнува утре со дуелот против Малме.
 
„Нашата група можеби не изгледа тешко, но така беше и минатата година па Јувентус беше елиминиран, тоа покажува дека во Европа нема лесни натпревари" - вели Алегри.
 
„Во поглед на кондицијата, Малме се пред нас во моментов. Тие се еден добро организиран тим, па треба да бидеме многу внимателни".
 
„Јувентус има доволно конкурентен тим да оди далеку во лигата и во Европа. Знаеме дека ќе биде тешко да бидеме шампиони на Европа, но ништо не е невозможно".
 
„Минатата сезона овој тим беше елиминиран во групната фаза иако играше добро. Понекогаш не го добивате она што го заслужувате. Јувентус е голем тим и целта треба да биде пласман меѓу осумте најдобро. Како и да е, првичната цел е да се помине групната фаза и да се разбере дека европските натпревари се поинакви од оние во Серија А".