24фудбал

Инзаги горд на Милан

Тренерот на Милан, Пипо Инзаги е горд на она што го прикажале неговите избраници во победата од 5-4 на гостувањето кај Парма

Италија

’Росоњерите’ го задржаа 100% учиник откако славеа на незгодното гостување кај Парма во натпревар на кој паднаа дури девет погодоци.

И покрај тоа што има забелешки за играта во одбраната, Пипо Инзаги е среќен со освоените три бода, и вели дека е горд на неговите избраници.

„Оваа победа ме прави екстремно среќен” – рече Инзаги по крајот на натпреварот. „Лут сум поради начинот на кој ги примивме головите, но среќен сум со триумфот”.

„Кон финишот бев загрижен дека нема да се вратиме дома со три бода, но сите мои играчи беа фантастични”.

„Натпреварот беше отворен, но мислам дека сосема заслужено победивме. Ќе беше жално доколку одигравме нерешено, бидејќи постојано бевме во водство и ја контролиравме средбата”.

„Горд сум на моите играчи, а и фановите треба да бидат горди на тимот”.

Следниот викенд Милан на Сан Сиро го пречекува шампионот Јувентус.

„Против Јуве ќе треба да одиграме перфектен натпревар. Немаме што да загубиме бидејќи тие се посилни, но во фудбалот никогаш не се знае”.

„’Бјанконерите’ се многу силни но можеме да им го загорчиме животот”.

„Се надевам дека нашите фанови ќе ни помогнат да направиме чудо”.

Поради повреда, Фернандо Торес го пропушти дуелот со Парма, но Шпанецот ќе биде фит за средбата со Јувентус.

Голманот Диего Лопез и дефанзивецот Алекс се под знак прашалник откако заработија ситни повреди на вчерашното гостување на Енио Тардини.