24фудбал

Ван Гал: Можеме да одиграме подобро

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал е задоволен од победата од 4-0 над КПР но верува дека тие можат да одиграат многу подобро

Англија

’Црвените Ѓаволи’ вчера ја забележаа првата победа под водство на Холанѓанецот откако со убедливи 4-0 славеа над КПР.

Луј ван Гал е задоволен со ваквиот резултат, но вели дека тие можат да играат многу подобро.

„Секогаш треба да ја анализираме нашата игра и она што сме го направиле” – вели менаџерот на Манчестер Јунајтед.

„Секако, резултатот е фантастичен, но верувам дека можеме да играме многу подобро”.

„Кога имате резултат 4-0, можете да бидете задоволни. Но секогаш има аспекти кои можете да ги подобрите”.

„Сепак, среќен сум со резултатот и начинот на кој одигравме. Бевме доминантни и постигнавме погодоци. Исто така не примивме гол”.

Холанѓанецот исто така вели дека нивната сезона започнува сега, и целта е топ три пласман.

„Пред почетокот на средбата на моите играчи им реков дека денес мораме да имаме нов почеток бидејќи со овој состав започнуваме сега откако на 1. септември заврши трансфер пазарот’” – вели Ван Гал.

„Целта е да се биде помеѓу топ три на табелата, сакаме пласман во Лигата на Шампионите, иако ова не е најважната работа”.

„Најважната работа е траекторијата. Градиме процес и потребно е да играме одреден стил на фудбал”.

„На крајот, се надевам дека ќе бидам менаџер на шампионот на Англија, ако не оваа година, тогаш следната или таа потоа. Сакам на фановите да им ја донесам титулата од Премиер лигата”.