24фудбал

Ди Марија го инспирира Јунајтед до прва победа

Анхел Ди Марија го разбуди Манчестер Јунајтед, одлична партија на Аргентинецот за победа на Црвените Ѓаволи на КПР од 4-0.

Англија
Манчестер Јунајтед конечно ја забележа првата победа во новата сезона, тимот на Луис ван Гал го совлада КПР со 4-0.
 
Главен на теренот беше Анхел Ди Марија, кој и ја започна серијата погодоци со гол од слободен удар во 24. минута.
 
Десетина минути подоцна деби гол во црвениот дрес и за Андер Ерера, а пред крајот на првиот дел Вејн Руни постигна гол за убедлива предност на Јунајтед од 3-0.
 
Победата ја запечати Хуан Мата по 15 минути игра во вториот дел откако одлично беше проигран од Ди Марија.