24фудбал

Нови победи за Јувентус и Рома

Јувентус и Рома без проблеми и во второто коло од Серија А, Старата Дама со 2-0 го совлада Удинезе, Рома со 1-0 славеше на гостувањето кај Емполи.

Италија
Шампионот и вицешампионот од минатата сезона, денеска ја оправдаа улогата на фаворит во своите натпревари и дојдоа до нови победи.
 
Јувентус со 2-0 го победи Удинезе, погодоците ги постигнаа Тевез во 8. и Маркизио во 75. минута од натпреварот.
 
Рома со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Емполи, единствениот погодок беше дело на домашниот играч Сепе кој пред истекот на првиот дел си ја затресе сопствената мрежа.