24фудбал

Зидан лошо ја започна тренерската кариера

Ќе биде потребно време додека Зинедин Зидан го научи тренерскиот занает, младиот тим на Реал Мадрид кој тој го предводи има најлош старт во последните 20 години.

Шпанија
Зизу лошо ја започна тренерската кариера откако нареди три порази во првите три кола со вториот тим на Реал Мадрид.
 
Легендата на Реал Мадрид посакува еден ден да го предводи првиот тим, но доколку судиме по стартот, Зидан треба уште да учи.
 
Од оваа сезона тој е тренер на вториот тим на Реал Мадрид кој се натпреварува во Секунда Б, група Б, трета по ранг лига во Шпанија.
 
Откако испаднаа од втората лига, младите фудбалери на Реал Мадрид влегоа како фаворити во третата, но со три порази од три натпревари во моментов се наоѓаат на дното од табелата.