24фудбал

Блесок на Ди Марија за победа на Аргентина над Германија

Аргентина со 4-2 ја победи Германија во Дизелдорф, со три асистенции и погодок, Анхел Ди Марија беше јунакот на Гаучосите.

Германија
Во реприза од финалето на светското првенство, Аргентина ја победи Германија на нејзин терен.
 
Аргентинците имаа предност и од фантастични 4-0, но во финалниот дел од натпреварот домаќините успеаа два пати да реализираат и да го ублажат поразот.
 
Аргентина го немаше Меси во составот, но го имаше фантастичниот Ди Марија кој со три одлични асистенции и гол беше играчот на натпреварот.
 
Покрај Ди Марија, голови за Аргентина постигнаа Агуеро, Ламела и Фернандез, за Германија стрелци беа Шурле и Геце.