24фудбал

Премиерлигашите потрошија рекордни 1€ милијарда на засилувања

Вчера на полноќ заврши летниот преоден рок во кој клубовите од Премиер лигата потрошија рекордни 1 милијарда евра на засилувања

Останато

Најголем трошаџија ова лето беше Манчестер Јунајтед, ’Црвените Ѓаволи’ минатата сезона беа очајни па сега направија голема реконструција на тимот.

Клубот од Олд Трафорд потроши околу 193 милиони евра, од кои 75 милиони беа за ангажман на Анхел Ди Марија, кој стана најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.

Ливерпул исто така силно инвестираше, ’Црвените’ одвоија околу 147 милиони евра за засилувања, а преку 100 милиони евра потроши и Челзи.

Манчестер Сити, кој изминатите години одвојуваше многу пари за нови играчи, ова лето беше прилично тивок, ’Граѓаните’ имаа ограничен буџет поради прекршување на правилата за Фианансиски Фер Плеј.

Премиерлигашите вкупно потрошија околу 1,052 милијарди евра, или речиси двојно повеќе од она што клубовите од Шпанија го одвоија за засилувања.

Клубовите од Примера ова лето потрошија околу 535 милиони евра, од кои дури 390 им припаѓаат на Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

Клубовите од Серија А потрошиле 328 милиони евра, а оние од Бундеслигата 315 милиони евра.