24фудбал

Милан се засили со Биабиани

Милан го ангажираше Џонатан Биабиани од Парма, како дел од зделката Кристиан Закардо се сели на Енио Тардини

Италија

’Росоњерите’ се обидоа да го ангажираат Французинот во финишот на зимскиот преоден рок, но тогаш не успеаа да се договорот со Парма.

Двата клуба сега успеаа да пронајдат заеднички јазик, па Џонатан Биабиани ќе се пресели на Сан Сиро.

Милан трансферот го соопшти на својот Твитер профил, објавувајќи слика од 26 годишниот Биабиани со црвено-црн шал

Според пишувањата на медиумите од Италија, за услугите на офанзивниот фудбалер Милан ќе плати 4 милиони евра (плус 1 милион во бонуси), а како дел од зделката, дефанзивецот Кристиан Закардо ќе се врати на Артемио Франки.