24фудбал

Официјално: Атлетико го ангажираше Черчи

Атлетико Мадрид го комплетираше трансферот на Алесио Черчи, репрезентативецот на Италија стави потпис на три годишен договор

Шпанија

Шампионот на Шпанија вчера постигна договор со Торино за трансфер вреден околу 16 милиони евра, па утрово Алесио Черчи пристигна во Мадрид на лекарски прегледи.

Откако беа комплетирани сите формалности, Атлетико Мадрид попладнево официјално го потврди трансферот.

„Атлетико Мадрид и Торино постигнаа договор за трансфер на Алесио Черчи. Италијанскиот репрезентативец, откако утрово ги помина лекарските прегледи, стави потпис на тригодишен договор” – гласеше известувањето на клубот од Висенте Калдерон.

За трансферот во Мадрид, 27 годишниот офанзивен фудбалер рече: „Атлетико е тим што постојано еволуира и секогаш сака да победува, па горд сум што сум тука”.

„Се надевам дека ќе имаме успешна сезона. Атлетико ми укажа голема можност и сакам да се докажам”.