24фудбал

Пандев пристигна во Истанбул

Горан Пандев заедно со Блерим Џемаили утрово пристигнаа во Истанбул, дуото на Наполи денеска треба да го комплетира трансферот во Галатасарај

Фото

Изминатиот викенд двата клуба постигнаа договор за преселба на Горан Пандев и Блерим Џемаили на Турк Телеком Арената, па дуото утрово пристигна во Истанбул да го комплетира трансферот.

Во текот на денот Горан Пандев и Блерим Џемаили ќе ги поминат редовните лекарски прегледи и ќе стават потпис на договорите.