24фудбал

Пропадна трансферот на Попов во Вардар, Динамо не даде дозвола

Иако се чинеше дека само формалност останува за трансферот на Горан Попов во Вардар да биде комплетиран, сепак Македонецот ќе остане во Динамо Киев.

Македонија
Вардар и Горан Попов ги договорија личните услови, и сите информации велеа дека тој ќе го облече црвено-црниот дрес, сепак тоа нема да се случи.
 
Спортскиот директор на Вардар, Гоце Седлоски потврди дека тие имале се договорено со Попов, но поради технички процедури трансферот не се реализирал.
 
Македонскиот фудбалер останува член на Динамо Киев откако Вест Бромвич не го откупи неговиот договор.
 
Пред крајот на преодниор рок, Вардар го комплетираше трансферот на младиот Ерменец, Артур Минарјан кој пристигнува од Шахтјор.