24фудбал

Чичарито на лекарски прегледи со Реал Мадрид

Хавиер Ернандез е во Мадрид на лекарски прегледи со ’Кралевите’, Мексиканецот наскоро ќе биде потврден како засилување на шампионот на Европа

Шпанија

Медиумите од Шпанија вчера пренесоа дека Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед постигнале договор за позајмица на репрезентативецот на Мексико.

Хавиер Ернандез утрово пристигна во Мадрид, и во моментов во клиниката Sanitas La Moreleјa ги извршува редовните лекарски прегледи.

Се очекува наскоро да бидат комплетирани сите формалности, и Чичарито да стави потпис на договорот.