24фудбал

Јунајтед ја добива битката за потписот на Фалкао

Според пишувањата на медиумите од ’Островото’, Манчестер Јунајтед има договор со Монако за позајмица на Радамел Фалкао

Англија

Долго време се говореше дека репрезентативецот на Колумбија ќе се пресели во Реал Мадрид, но по се изгледа напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед, Арсенал и Манчестер Сити се обидат да стигнат до потписот на Радамел Фалкао во последниот ден од летниот преоден рок, а според медиумите од ’Островото’, ’Цравените Ѓаволи’ ја добиваат битката.

Во прв момент се говореше дека клубот од Олд Трафорд е подготвен да плати 65 милиони евра за услугите на напаѓачот.

Но последните извештаи велат дека Манчестер Јунајтед и Монако постигнале договор за позајмиц на Радамел Фалкао за која ’Црвените Ѓаволи’ ќе платат околу 12 милиони фунти (15 милиони евра).

Сега останува играчот да ги помине редовните лекарски прегледи и да ги договори личните услови, но се очекува ова да биде само формалност.