24фудбал

Реал Мадрид се посрамоти, водеше со два гола, изгуби со исто толку

Реал Сосиедад му одржа лекција на европскиот шампион победувајќи го со 4-2, Барселона славеше минимален триумф на гостувањето кај Виљареал.

Шпанија
Тимот на Анчелоти одигра лош натпревар на гостувањето кај Реал Сосиедад, успеа да прокоцка водство од два разлика.
 
Реал Мадрид започна фуриозно и по само 11 минути имаше водство од 2-0 со головите на Рамос и Бејл.
 
Во тие моменти се чинеше дека само прашање е со колку разлика ќе победат Кралевите, но така не мислеше и домаќинот.
 
До крајот на првото полувреме преку Мартинез и Зурутуза успеа да го изедначи резултатот, а во вториот дел да погоди уште два пати и да дојде до триумф од 4-2.
 
Барселона со гол на младиот Рамирез во 82. минута дојде до победа на тешкото гостување кај Виљареал.
 
Елче и Гранада ги поделија бодовите играјќи 1-1, нашиот Столе Димитриевски не беше во составот на гостите.
 
Нерешено заврши и дуелот помеѓу Депортиво и Рајо Ваљекано, 2-2.