24фудбал

Вардар убедлив против Металург

Вардар со 4-1 го доби дерби натпреварот против Металург, Ренова со 2-1 ја совлада Брегалница, Силекс се спасуваше од пораз против Пелистер.

Македонија
По двете нерешени средби против Тетекс и Турново, Вардар им се врати на победите, Црвено-црните му го нанесоа првиот пораз сезонава на Металург.
 
Со головите на Асани и Грнчаров, по само 11 минути игра на стадинот во Ѓорче Петров, Вардар имаше водство од 2-0.
 
Во 27. Миле Крстев успеа да го намали резултатот и да го врати Металург во игра, но тимот на Захариевски не успеа да се спаси од пораз.
 
Во второто полувреме Гроздановски и Ивановски постигнаа два гола за победа на Вардар од 4-1.
 
Ренова со 2-1 ја совлада Брегалница, Јусуфи и Емини беа стрелци за Гипсарите, Мисев погоди за гостите.
 
Силекс беше на прагот на првиот пораз оваа сезона, но Јанев со погодок во 90. минута го спречи тоа, Пелистер од 33. минута со гол на Марковски имаше водство, но не успеа да го задржи до крај.
 
Шестото коло се комплетира со дуелот помеѓу Тетекс и Хоризонт Турново.