24фудбал

Горан Попов е нов фудбалер на Вардар

Tрансфер бомба во македонскиот фудбал, Горан Попов потпиша за Вардард, бекот доаѓа како позајмен фудбалер од Динамо Киев.

Македонија
Пред крајот на преодниот рок, Вардар успеа да го ангажира Горан Попов кој не го продолжи престојот во Вест Бромвич Албион.
 
Попов е сеуште играч на Динамо Киев, а во Вардар доаѓа како позајмен фудбалер.
 
Горан Попов заедно со Дејан Блажевски беа присутни на стадинот во Ѓорче Петров каде што го следеа натпреварот помеѓу Металург и Вардар.
 
Се очекува и поранешниот напаѓач на Хоризонт Турново да потпише за Вардар, а во текот на утрешниот ден треба да биде потврден и трансферот на младиот Ерменец, Артур Минарјан кој доаѓа од Шахтјор.