24фудбал

Челзи го ангажираше Реми

’Сините’ го комплетираа трансферот на Лоик Реми, напаѓачот попладнево стави потпис на четири годишен договор

Англија

Французинот на Стемфорд Бриџ пристигнува како замена за Фернандо Торес, кој се пресели во Милан на две годишна позајмица.

„Фудбалскиот клуб Челзи е задволен што може да го потврди ангажманот на Лоик Реми од Квинс Парк Ренџерс” – гласеше известувањето на ’Сините’.

„Репрезентативецот на ’Триколорите’ стави потпис на четири годишен договор”.

За трансферот во Челзи, Лоик Реми рече: „Среќен сум и горд. Кога слушнав дека Челзи сака да ме ангажира, веднаш се согласив бидејќи се работи за еден од најдобрите клубови во светот”.

„Ја паметам извонредната атмосфера на Стемфорд Бриџ кога играв таму со Марсеј, па со нетрпение чекам за прв пат да играм пред моите нови фанови”.

Детали од зделката не се откриваат, се верува дека ’Сините’ ја платиле откупната клаузула во договорот на играчот вредна 10,5 милиони фунти.