24фудбал

Пандев се сели во Галатасарај

Горан Пандев кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, напаѓачот стави потпис на две годишен договор со клубот од Истанбул

Македонија

Рафа Бенитез ова лето стави јасно до знаење дека не смета на Македонецот, па Наполи му даде зелено светло на Горан Пандев да си пронајде нов клуб.

Неколку клубови ширум Европа пројавија интерес за неговите услуги, но се веруваше дека напаѓачот ќе остане во Серија А, каде опции беа Милан и Фиорентина.

Сепак, пранешниот репрезентативец на ’Црвено-жолтите’ по 13 години поминати во Италија ќе замине од Апенинскиот полуостров.

Горан Пандев кариерата ќе ја продолжи во Турција, во редовите на Галатасарај.

Денеска 31 годишниот фудбалер ставил потпис на две годишен договор со клубот од Турк Телеком Арена.